MEDICINSKI PEDIKIR 101 Foot Clinic
MEDICINSKI PEDIKIR 101 Foot Clinic

Преглед на Третманот

Здрав и убав изглед на вашите нокти и стапала е сон на секоја современа жена и маж. Затоа и салоните за убавина се преполни со третмани за разубавување и негување на вашите стапала. Но дали со класичните третмани за педикир навистина го добивате она што го очекувате: здрави и убави стапала?

Најновите медицински истражувања укажуваат на фактот дека голем дел од нашата популација добива габична инфекција на своите нокти и стапала токму по посетата на козметичките третмани за педикири и маникири. Зошто е тоа така?

Козметичките салони нудат услуги за негување и разубавување на вашите стапала притоа не запазувајќи ги строгите медицинско-хигиенски стандарди. Имено, преку користење на нестерилизирани инструменти, кадички со вода кои во голема мера се фактор за пренесување на габични инфекции на стапалата, потоа нестерилни пешкири и слично, доаѓа до пренесување на габичната инфекција од лице кое веќе имало габична инфекција.

Значи наместо да добиете здрав и убав изглед на вашите стапала вие сте исложени на ризик од пренесување на габични инфекции и други можни кожни инфекции токму како резултат на непостоење и непочитување на најстрогите стандарди за медицинко-хигиенска заштита при третирањето на вашите стапала.

Нашиот подолошки центар нуди единствено медицински педикир кој подразбира сува процедура која ја изведува високо обучен тим на подолози и подолошки асистенти. За разлика од козметичките салони, нашите подолози се обучени најпрвин да извршат подоанализа на вашите стапала со примена на најсовремена подолошка опрема со цел да утврдат каков проблем со стапалата имате и кој е најдобар начин истиот да се третира.

Со примена на стерилизирани инструменти, стерилизирани помошни материјали и врвна подолошка опрема не само што го решаваат вашиот проблем со стапала туку ви овозможуваат загарантирана заштита од пренесување на било каква инфекција.

Жуљевите, кирјите ока, искупаните пети, сувата кожа на стапалата, габичната инфекција на ноктите и стапалата ќе бидат минато.
Дозволете им на нашите подолози да бидат чувари на убавината и здравјето на вашите нокти и стапала.

Протокол на третман

Подолошка Анализа

Анализа на ноктите и стапалата со помош на подоскоп и примена на најнов подолошки софтвер, овозможува избор на адекватен третман.

Индивидуален План за Третман

Нашите подолози креираат индивидуален план на третман кој се состои од различни модалитети на третирање и примена на природни биолошки препарати, засновани врз долгогодишното искуство на нашите подолози..

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, нашите подолози го следат индивидуалниот напредок во третманот и користат фотографии за да го споредат напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Foot Clinic

Стапалата секогаш треба да се третираат убаво. Тие се движечка моќ на нашите тела, а ние им даваме толку малку почит.

101 Foot Clinic