Курје Око

Преглед на Проблемот

Kако реакција на зголемен притисок на коскените проминенции на стапалата и прстите. Клавусите често се сретнуваат кај спортистите и кај личности кои се изложени на нерамномерно триење и притисок од обувките и или имаат неправилности во движењето. Абнормалната механика на стапалото, деформитетите на стапалото, изразена физичка активност и посериозни состојби како периферна неуропатија исто придонесуваат за појава на курје око.

Кај курје око, надворешните механички сили се фокусирани на локализирана зона на кожата, што води до импакција на надворешниот слој од кожата, стратум корнеум, и формација на цврсто кератинско јадно, наречено јадро или корен, кој врши притисок на папиларниот дермис што резултира со изразена болка кај пациентот.

Клинички се опишуваат три типа на курје око. Првиот тип е цврто курје око или хелома дурум, карактеристичен по својот сув, испакнат излгед. Се формира најчесто на интерфалангеалните зглобови, но и табаните и страните на прстите. Вториот тип е меко курје око, или хелома моле, која е опишан така поради мацерираната текстура како резултат на влажноста. Најчесто се сретнува во интердигитално, меѓу прстите, обично 4-ти и 5-ти прст. Третиот тип е периунгвален тип, и се сретнува блиску или на ивицата на ноктот.

Протокол на третман

Подолошка Анализа

Анализа на ноктите и стапалата со помош на подоскоп и примена на најнов подолошки софтвер, овозможува избор на адекватен третман.

Индивидуален План за Третман

Нашите подолози креираат индивидуален план на третман кој се состои од различни модалитети на третирање и примена на природни биолошки препарати, засновани врз долгогодишното искуство на нашите подолози.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, нашите подолози го следат индивидуалниот напредок во третманот и користат фотографии за да го споредат напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Foot Clinic

Стапалата секогаш треба да се третираат убаво. Тие се движечка моќ на нашите тела, а ние им даваме толку малку почит.

101 Foot Clinic