Во современото секојдневие, постојано слушате и гледате реклами за илјадници производи, препарати, креми, масти за решавање на проблемите со ноктите и стапалата. И на крај, не само што нема воопшто да ви помогнат во решавање на вашиот проблем, туку и состојбата на вашите нокти и стапала би можела да биде полоша од претходно. Како тогаш да знаете да препознаете кој е вистински ефикасен препарат кој би можел да ви помогне во решавање на проблемот со ноктите и стапалата?
101 FOOT работи единствено со производи за кои постои научна докажаност за нивната ефикасност. Што значи тоа научна докажана ефикасност? Тоа би значело дека независна референтна институција или универзитетски центри врз основа на клинички експерименти на поголеми контролни групи применуваат производ или метода во подолг временски период, најчесто од 6 месеци до 1 година. Секојдневно ги следат резултатите од нивната клиничка студија, ги регистрираат, фотографираат со специјални онихоскопски и дермоскопски инструменти, за да на крајот од студијата дојдат до заклучок дали тој производ воопшто имал било каков ефект, и доколку имало позитивен ефект, тогаш во кој апсолутен износ изразен во проценти изнесувал таквиот ефект. Овие резултати заедно со методологијата на истражување ги објавуваат во рецензирани високоценети меѓународни журнали со импакт фактор, како потврда за успехот или неуспехот во примената, ефикасноста и резултатите од користењето на конкретниот препарат, производ или технологија.