MEHANIČKA ABRAZIJA NOKTIJU 101 Foot Clinic
MEHANIČKA ABRAZIJA NOKTIJU 101 Foot Clinic

Преглед на Третманот

Механичката абразија е традиционален подијатриски пристап во третманот на онихомикозата кој бара време, специјални инструменти и искуство. Целта на овој пристап е да се намали притисокот и габичните наслаги преку механичко намалување на дебелината на ноктот. Со оглед на тоа дека се отстранува најголем дел од онихомикотичниот материјал, механичката абразија има потенцијал да ја зголеми ефикасноста на други последователни терапии на ноктот особено оние кои се антифунгални. Но овој пристап не ја третира инфекцијата туку само обезбедува поголема ефикасност на другите терапевтски опции.

Механичката абразија на ноктот се постигнува со сечење, гребење и абразија на ноктот со специјални клешти, кирети, апарати за абразија и борерчиња. Се применува кај секоја форма на онихомикоза. Кај клиенти со висок ризик (стари клиенти под многу медикаменти, бремени или доилки) механичката или хемиска абразија во комбинација со антифунгални производи може да биде корисна со задоволително подобрување.

Механичката абразија општо земено е акт на физичко отстранување на било кое несакано ткиво или супстанца од ноктот или асоцираните структури. Типот на супстанца варира, но општо земено се однесува на супстанца која е несакана или предизвикува повреда.

Протокол на третман

Подолошка Анализа

Анализа на ноктите и стапалата со помош на подоскоп и примена на најнов подолошки софтвер, овозможува избор на адекватен третман.

Индивидуален План за Третман

Нашите подолози креираат индивидуален план на третман кој се состои од различни модалитети на третирање и примена на природни биолошки препарати, засновани врз долгогодишното искуство на нашите подолози.

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, нашите подолози го следат индивидуалниот напредок во третманот и користат фотографии за да го споредат напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Foot Clinic

Стапалата секогаш треба да се третираат убаво. Тие се движечка моќ на нашите тела, а ние им даваме толку малку почит.

101 Foot Clinic