Аркада е специјално дизајниран систем наменет за нехируршки и безбеден третман на враснати нокти. Аркада третманот моментално ја олеснува болката, а за неколку месеци ноктот комплетно израснува. Ноктот после третманот има природен и естетски изглед, на огромно задоволство на клиентот. Современите трендови се насочени кон неинвазивен третман на враснатите нокти, кој е безболен, удобен и пред се ефикасен за разлика од хируршкиот третман кој често е погрешно индициран, непријатен и трајно го деформира ноктот.
Аркада системот овозможува решавање на деформитетот кај враснатите нокти, користејќи специјални куки за исправување на ноктната плоча. После исправувањето на ноктот, се нанесува специјална маса која го држи ноктот исправен не дозволувајќи да се врати во првобитната положба.
Аркада системот има и поширока намена овозможувајќи надополнување на дефектот на неправилно исечени нокти, трајно оштетена или скратена ноктна плоча што дава не само естетско туку и решение на медицинскиот проблем.