Брадавиците уште познати и како верука се мали израстоци на кожата кои се јавуваат скоро кај секој човек во одреден дел од неговиот живот. Можат сами да исчезнат но можат и да траат од неколку месеци до неколку години. Брадавиците сами по себе не се опасни по човековото здравје, но кај некои луѓе можат да предизвикаат бол, чешање и непријатност. Во најголем број случаи брадавиците се болни и болката подсеќа на убод од игла, а тоа е зато што се лоцирани на табаните од стапалата. Уште се нарекуваат и планетарни брадавици токму поради фактот што најчесто се јавуваат на стапалата. За разлика од другите видови на брадавицi, веруките не штрчат над кожата поради самиот притисок на стапалата.
Брадавиците се предизвикани од вирус кој влегува низ микроскопски гребнатини и пукнатини во стапалата. Брадавиците се најчесто со големина на зрно грашок и може да се појават во долниот дел од стапалата, помеѓу прстите или под ноктите и може да бидат причина за голема непријатност.
Третманот на брадавици е целосно безболен, неинвазивен со примена на локална салицилна крема која има улога на природен кератолитик и благо механичко отстранување на задебелениот слој од кожа која се создава благодарение на кератолитичното дејство на салицилната крема.
Ефектот е не само успешно третирање на брадавиците, туку и целосна природна епитализација на кожата што значи кожа без лузна на местото каде што биле брадавиците.